Останато

Нова шанса за трофеј: Лина Ѓорческа ќе игра финале во Романија!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Со вчерашната победа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија, македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во своето четврто финале оваа година. Таа ја совлада домашната тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови (6:1, 6:4), во меч кој траеше 86 минути.

Првиот сет Лина го доби убедливо со 6:1, откако по 1:1 во гемови направи серија од пет последователни гема за само 30 минути игра. Во вториот сет следеше поголема борба – Ѓорческа поведе со 4:2, но ривалката успеа да израмни на 4:4. Сепак, македонската тенисерка повторно ја презеде контролата и со два добиени гема го затвори сетот со 6:4 и ја осигура конечната победа.

Во финалето Ѓорческа ќе се соочи со уште една романска претставничка – Елена Бертеа, која со 2-0 во сетови (6:3, 7:6(3)) ја елиминира својата сонародничка Георгина Кракун. Финалниот меч е закажан за денес во 15 часот по македонско време.

Ова ќе биде четврто финале за Лина во 2025 година, по трите настапи во Куршумлијска Бања, Србија. Дополнително, ова е нејзин трет финален настап на последните три турнири, што е доказ за одличната форма во која се наоѓа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното...

Останато

(ФОТО) ШК Фламуртари од Радолишта со историски успех: Трето место во Првата шаховска лига на Македонија

Шаховскиот клуб Фламуртари од Радолишта забележа значаен успех на македонската шаховска сцена,...

Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!