Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Конзули се враќа на фудбалската мапа: Амбициозен проект за афирмација на женскиот фудбал

Сподели
Сподели

По долгогодишна пауза, ЖФК Конзули повторно се враќа на фудбалската карта на Македонија. Тимот ќе настапува во Втората женска фудбалска лига, а стручниот штаб веќе поставува високи цели.

Спортска Мрежа разговараше со стручниот штаб на новоформираниот проект, откриваат детали за концептот, екипата и амбициите на клубот.

  • ЖФК Конзули после долги години пауза се враќа на фудбалската карта на Македонија, .како дојде до идејата за враќање на клубот?

„Познавајќи ги условите и начинот на работа во женскиот фудбал, решивме да направиме нешто ново, поразлично од досега и на организациски и стручен дел да воведеме некои новини со кои би придобиле за се повеќе афирмација на женскиот фудбал.“

  • Како ќе изгледа ЖФК Конзули, како се екипираше екипата, како е составен конструктот на тимот? Има ли некои квалитетни и екстра засилувања?

„Екипата е составена од претежно млади играчи, но сепак искусни со оглед на тоа што веќе беа дел и од Втората и од Првата женска лига во Македонија. Со можеби едно до две засилувања, кои веќе за неколку дена би ни се приклучиле, би го добиле крајниот изглед на екипата.“


  • Кои ќе бидат целите во Втората женска фудбалска лига, ќе се напаѓа ли првото место за влез во Прва лига?

„Целите ни се со побрзо екипирање на екипата и со тоа враќање на старите патеки, а тоа е Првата женска лига во Македонија, каде и припаѓа ЖФК Конзули.“

  • Дали клубот ќе работи и со младински категории или сепак тоа ќе биде само со сениорска екипа?

„Со младински категории се планира да се започне и тоа ќе биде во најбрз можен рок со оглед на тоа дека сакаме да вложуваме во младите играчи кои допрва доаѓаат и од кои би го црпеле играчкиот кадар за нашата екипа во наредните години.“

  • Каде ќе се играат домашните натпревари, на кој терен и кога ќе биде првиот собир и првиот тренинг?

„Натпреварите би се играле на стадионот на ФК Кравари во Кравари и на стадионот „Павел Шатев“ во Битола.“


  • Кои луѓе ќе бидат вклучени во стручниот штаб, а кои во управата?

„На крај, благодарност до сопственикот Виктор Киранов кој ни излезе во пресрет на нашата идеја и му даде целосна поддршка на стручниот штаб на клубот, составен од Мила Талевска, Салевски Горан и Алексоски Јован, и уште неколку други бивши играчи кои би му помогнале на клубот на стручен и административен план за враќање онаму каде што заслужува, а тоа е Првата женска лига на Македонија.“

ЖФК Конзули од Битола ќе биде прв фаворит за шампионскиот пехар во Втората лига и со тоа да се врати во Првата женска фудбалска лига. Во рамки на првото коло ќе се соочи со Плачковица од Радовиш, а фаворитската улога ќе биде на страната на биточанки.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!