Прва женска фудбалска лигаФудбал

Влатко Илиоски главен во Битола, Ангелчо Ристов ќе им суди на Кочани и Ас Јунајтед

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 4. коло на Првата женска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари.

Во Струмица ќе се одигра дерби на Тиверија Брера и Истатов, а за правдата ќе биде задолжен Јордан Јовановски од Гевгелија со неговите помошници Стефан Митров и Иван Танев, исто така од Гевгелија.

Контролор ќе биде Васил Аџиев од Валандово, а мечот започнува во 12 часот.

Во Македонска Каменица фаворитот Каменица Саса ќе го пречека дебитантот Вардар, а за правдата ќе биде задолжен Боби Величков од Велес. Негов прв помошник ќе биде Александар Ајдрав од Велес, а пак втор помошник Душко Панов од Кавадарци.

За контролор е делегиран Орце Стефановски од Кратово, а мечот започнува во 16 часот.


Повратникот во елитата, Кочани на домашен терен ќе игра против фаворитот Ас Јунајтед, а ќе им суди Ангечо Ристов од Неготино, со неговите помошници Зоран Ангелов од Неготино и Давор Дишлиевски од Кавадарци.

Билјана Миланова од Свети Николе ќе биде контролор, а средбата ќе стартува во 16:30 часот.

Во Битола ќе се сретнат Топ Гол и шампионот Љуботен, а главен судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, а негови помошници ќе бидат Ангела Домазетовска од Битола и Иле Мишески од Прилеп.

За контролор е делегиран Љубе Ристевски од Прилеп, а мечот ќе започне во 16:30 часот.


Во Пржино ќе се соочат Скопје во улога на фаворит против Речица. За правдата ќе биде задолжена Вјолца Изеири од Гостивар, а нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје, додека пак контролор ќе биде Небојша Ѓорѓијевски од Брвеница.

Натпреварот ќе започне во 17 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Каменица Саса, Вјолца Изери на Вардар и Тиверија Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 7. коло на Првата женска фудбалска лига, колото се отвара утре, а ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!