Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Радовиш, Игор Стојчевски ќе го суди дербито меѓу Скопје и Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 3. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Колото се отвара утре, сабота, со седум натпревари, а ќе се затвори во понеделник со натпреварот во Штип.

На Градскиот стадион во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Слога Виница, каде главен судија ќе биде Бењамин Ќерими, а негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Бојан Иваноски, а пак четврт судија ќе биде Нинослав Нанков, сите од Скопје.

Делегат на мечот ќе биде Дарко Китановски од Скопје, а контролор Бурханедин Салихи од Куманово.

Натпреварот меѓу Големо Коњари и Беласица ќе го суди Ангелчо Ристов од Неготино, а негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров и Ване Данилов од Неготино, за четврт судија е делегиран Дарко Котевски од Битола.

Никола Мицановски од Скопје ќе биде Делегат, а пак Зоран Стефанов од Кавадарци ќе биде контролор.

Дербито на колото ќе се игра на стадионот „Железарница“ каде ќе се соочат Скопје и Шкендија Арачиново, а довербата да ја дели правдата ја доби Игор Стојчевски.

Негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Бранко Путилин, а пак четврт судија ќе биде Дарко Стојчевски, сите од Скопје.

Делегат на натпреварот ќе биде Васко Бошевски од Битола, контролор Бранко Величковски од Крива Паланка, а пак Мурат Исени од Куманово ќе биде комесар за безбедност на ФФМ.


На стадионот „Билјанини Извори“ ќе се соочат Охрид и Осогово, а главен арбитар ќе биде Дејан Младеновски од Скопје. Негов прв помошник ќе биде Куштрим Лика од Кичево, а пак Дејан Димитријевиќ од Скопје ќе биде втор асистент.

Александар Василевски од Скопје ќе биде четврт судија. Делегат на средбата ќе биде Мерсим Зендели од Гостивар, а пак Зоранчо Илиевски од Битола ќе биде контролор.

На Градскиот стадион во Ресен ќе се соочат Преспа и Победа, главен судија ќе биде Дени Лековски од Битола, а негови помошници ќе бидат Петар Степановски и Николче Дрнковски, а пак Благојче Ралевски ќе биде четврт судија, сите од Битола.

Сафет Мифтари од Боговиње ќе биде делегат, а пак Марјан Ецкоски од Охрид ќе биде контролор.

Судиските тим од Штип ќе ја дели правдата на мечот меѓу Каменица Саса и Кожуф. Главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев, а негови помошници ќе бидат Ристо Ѓоргиев и Александар Гигов, а пак Димитар Пилешков ќе биде четврт судија.

Трајче Шопов од Велес ќе биде делегат, а пак Сашко Ангелов од Кочани ќе биде контролор.


Борче Павловиќ од Скопје ќе им суди на Новаци и Вардар Неготино, а ќе му помагаат Стефан Стојановски и Иван Ивановиќ од Велес. Четврт судија ќе биде Ненад Тодоровски од Скопје.

Дритан Бакали од Дебар ќе биде делегат, а пак Илчо Јордановски од Прилеп ќе биде контролор.

Колото ќе се затвори во понеделник со мечот меѓу Брегалница и Тетекс, а кој ќе го суди Доне Ристовски од Гевгелија а пак негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров од Гевгелија, а пак четврт судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.

Драган Иванов од Скопје ќе биде делегат, а пак Џенан Хајдари од Скопје ќе биде контролор.

Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!