Голема победа за Беласица која го доби вечерното дерби со Скопје, преку пресврт со конечен резултат од 3:2.
Дербито на двата поранешни прволигаши Беласица и Скопје од 2. коло на Втората лига се одигра во полн сјај како што доликува, натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ се одигра под рефлектори во вечерен термин.
Возбудлив меч со пет погодоци, еден пенал и многу публика во Струмица.
Ова беше соочување на две екипи кои претендират за висок пласман и ќе се борат за местата кои водат кон Прва лига.

Натпреварот започна со иницијатива на Беласица која се „закануваше“ и сакаше прва да го отвори резултатот, а потоа шанси дојдоа и на страната на „пиратите“, кој резултатот го отворија со гол од пенал, а сигурен стрелец беше Горјан Цветков во 22. минута.

Натпреварот го одбележа и моментот кога Алексеј Славков со возило на брза помош беше однесен во струмичката болница на укажување на лекарска интервеција.

Не траеше долго предноста на Скопје, по една одлична акција која ја креираа фудбалерите на Беласица, Марио Дебрешлиоски беше прецизен со глава за 1:1, а тоа предизвика „ерупција“ на трибините на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

На крајот од првиот дел Беласица имаше две одлични транзиции, но немаше завршен пас за погодол, па на полувреме беше 1:1.

Во вториот дел Беласица правеше притисок за погодок, а шанси имаше и Скопје, а тоа понуди возбудлив втор дел од мечот кој се играше во Струмица.

Во 67. минута од мечот и двајцата стратези се одлучија да менуваат истовремено, да внесат свежина во играта и за некоја евентуална тактичка корекција.

Продолжението од мечот најзрелата шанса Беласица ја имаше во 68. минута кога Капрасов центрираше, но многу малку фалеше за гол, но веднаш потоа стигна казната за “пиратите” од Автокоманда, Дино Најдоски си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Беласица од 2:1.

Во завршните минути од средбата Костадин Капсаров ја стресе мрежата за 3:1, а потоа “пиратите” во судиското надополнување преку Александар Ѓурковски намали на конечните 3:2, со што трите бодови остануваат во Струмица, а за Беласица ова е прва сезонска победа по ремито со Охрид во првото коло, а за Скопје ова е прв пораз.
Во следното коло Беласица ќе гостува гостува кај Големо Коњари, а пак Скопје го очекува дерби на домашен терен со Шкендија Арачиново.