Останато

Сара Митевска со втора титула на турнир до 18 години во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска надеж, 15-годишната Сара Митевска, на импресивен начин ја освои својата втора турнирска титула во категоријата до 18 години. Таа викендов триумфираше на J30 Скопје – Pointer Tennis Park Open 2025, совладувајќи ја во финалето Гркинката Деспоина Коскина со 2-0 во сетови (7:5, 6:1).

Митевска продолжи со одличните настапи во домашна конкуренција, откако и претходниот турнир во оваа возрасна категорија го освои на терените на Тенис Парк во Скопје.

Турнирот го започна блескаво, без загубен гем во првите две кола: 2-0 (6:0, 6:0) против Србинката Дуна Милиќ и Украинката Стефанија Карпаиук. Во четвртфиналето нејзината противничка се откажа при водство од 3:0 за Митевска во првиот сет, а во полуфиналето таа беше поуспешна од Елена Пападопулу од Бугарија, со која настапуваа заедно во конкуренција на двојки.

Во двојки, пак, македонската тенисерка Зара Зафировска заедно со Коскина од Грција стигнаа до финалето, каде беа поразени од украинската двојка Стефанија Карапалиук и Никол Нериа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!