Прва женска фудбалска лигаФудбал

Истатов го декласира Вардар со 11 гола, Скопје славеше минимално против Тиверија, Ас Јунајтед убедливо против Каменица Саса

Сподели
Сподели

Во рамки на третото коло од Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Истатов дојде до првата и тоа убедлива победа во новата сезона. На гостувањето против новиот прволигаш  ЖФК Вардар славеа со високи 0:11.

Стрелците на головите беа поделени меѓу повеќе фудбалерки – Меланија Грозданова постигна два гола, исто толку запиша и капитенката Кристина Петрушевска, а двоцифрената бројка ја заокружи и Севим Илјаз со свои два погодоци. По еден гол додадоа Андреа Коловска, Миа Головска, Елма Шемсовиќ и Ива Здравевска. Еден гол заврши и како автогол на Ива Новак од редовите на Вардар.

Екипата на ЖФК Топ Гол ја запиша првата победа во новата сезона, совладувајќи го тимот на ЖФК Речица со резултат 3:5.

Натпреварот започна динамично – уште во 6. минута Ивана Милевска донесе водство за гостинките (0:1). По две минути домашните израмнија преку пенал што успешно го реализираше Емили Митковска (1:1). Топ Гол повторно поведе во 12. минута со вториот гол на Милевска (1:2), а Сара Стевановска погоди за 1:3. До крајот на првиот дел, Марија Антевска намали на 2:3.

Во второто полувреме, Дарија Стојчевска зголеми на 2:4, а Михаела Марковска постигна гол за 2:5. И Марија Антевска за 3:5 во 86минута.

Интересен дуел се одигра помеѓу екипите на ЖФК Скопје и ЖФК Тиверија, кој заврши со резултат 2:1 во корист на домаќинките.

Натпреварот го отвори Розита Пецева во 10. минута, но по само шест минути Јована Каралиоска израмни за 1:1, резултат кој важеше до паузата. Во второто полувреме, во 66. минута, Ана Боризоска постигна победнички гол за конечни 2:1.

Натреварот помеѓу ЖФК Љуботен и ЖФК Кочани ќе се одигра во среда во 17:00 часот во Тетово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!