Прва лигаФудбал

Македонија ЃП до првата победа по враќањето во елитата – триумф над Пелистер

Сподели
Сподели

Македонија Ѓорче Петров ја запиша првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Пелистер со 2-1 на домашен терен. „Лавовите“ покажаа карактер иако мечот започна лошо за нив – гостите поведоа уште во првата минута преку Лука Булатовиќ.

Израмнувањето дојде во 25. минута, кога Симеон Христов сигурно реализираше пенал, откако Гереро беше соборен во шеснаесетникот. Решавачкиот момент се случи во 66. минута, кога Екснејдер Гереро најдобро се снајде по одбиена топка и го постави конечниот резултат.

Во продолжението Пелистер се обиде да се врати, но домаќините ја контролираа играта и не дозволија сериозни шанси пред својот гол. Со овој триумф Македонија ЃП ги освои првите три бода сезонава и скокна на седмото место на табелата, додека Пелистер останува шести со два бода повеќе.

Во следното коло, Македонија ЃП ќе гостува кај Вардар на арената „Тодор Проески“, додека Пелистер ќе го пречека Арсими во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!