Прва лигаФудбал

Тиквеш и Брера без голови – „нула“ во Кавадарци

Сподели
Сподели

Екипата на Тиквеш продолжува да чека на првата победа оваа сезона, откако на домашен терен одигра без голови против Брера Струмица (0-0). Иако кавадарчани важеле за големи фаворити, не успеаја да го пробијат цврстиот дефанзивен бедем на гостите и повторно запишаа реми.

Тимот на Ѓорѓи Мојсов имаше иницијатива во текот на целиот натпревар, создаде неколку зрели шанси, но голманот на Брера, Илоски, беше непремостлива пречка. Најголемата можност за Тиквеш се случи во 74. минута, кога Илоски со фантастична интервенција ја одбрани шансата која кавадарчани веќе ја гледаа како погодок. Во неколку други наврати и стативата беше сојузник на гостите, додека во второто полувреме нововлезените Садик и Стојанов не успеаја да реализираат изгледни позиции.

Брера пак, по ремито со Вардар, стигна до уште еден вреден бод во борбата за опстанок. Двете екипи по четири кола имаат само по два освоени бода, а по репрезентативната пауза Тиквеш ќе му гостува на актуелниот шампион Струга, додека Брера ќе биде домаќин на Шкупи.

Алармот во Кавадарци е веќе вклучен – четири натпревари без победа за тим кој пред стартот на сезоната најавуваше борба за европските места.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!