Ракомет

Ѓорѓески: Заслужена победа над шампионот, имавме голема мотивација и желба да го освоиме турнирот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид по првпат го освои меморијалниот турнир “Крсте Андоновски 2025”, откако во големото финале славеше над македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески зборуваше за Спортска Мрежа за финалниот меч со пелистерци.

Како што вели Ѓорѓески победата над шампионот е заслужена, вели дека имале голема мотивација за да го освојат охридскиот турнир.

,,Одигравме еден тежок и возбудлив натпревар против шампионот на Македонија. Ние имавме голема мотивација и желба да го освоиме и овој турнир, овојпат пред домашната публика и мислам дека токму тоа и беше пресудно на овој натпревар – желбата и борбеноста и сакам да им честитам на дечките за таквата игра и, според мене, заслужената победа”, рече Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Охридскиот и струшкиот турнир се можност плус за да се темпира формата за новата сезона, а Ѓорѓески вели дека се воигруваат бидејќи се нова екипа.

,,Ова е уште подготвителен период, ние сме нова екипа, сè уште се воигруваме, но сепак успеавме да направиме добри резултати, два турнири – два освоени трофеи за релативно краток период што сме заедно, и тоа е одлично за нас како екипа..за да ја кренеме самодовербата и хемијата, што е многу важно пред стартот на сезоната да влеземе уште помотивирани и полни со самодоверба, бидејќи нè чека тешка сезона со доста квалитетни натпревари ”, дополнува Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!