Ракомет

Ѓукиќ: Треба уште многу да се работи, но сепак сме задоволни од прикажаното досега!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид го освоија пехарот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалниот натпревар извојуваа победа над Еурофарм Пелистер со резултат 31-26.

За охриѓани, ова е првпат да го подигнат трофејот на домашниот турнир, кој се одржа по четврти пат, а воедно и втор освоен турнир по ред, по успехот на Струшкиот турнир минатата недела.

Со овие две победи, „гладијаторите“ најавуваат сериозни амбиции за претстојната сезона во македонската ракометна лига и јасно ставаат до знаење дека ќе се борат за самиот врв.

Веднаш после финалето, своите импресии и впечатоци ни ги искажа новото засилување на Охрид- Дарко Ѓукиќ.

Како што вели тој, тие се нова екипа која треба уште многу да работи, но сепак се задоволни од тоа како функционираат во оваа рана, подготвителна фаза.

,, Ние сме нова екипа, со нов тренер, уште не сме воиграни. Треба уште многу работи да се поправат тука, за да биде уште подобро..ама во оваа фаза сме доста задоволни- со два трофеи, особено од овој тежок турнир- со осум сериозни екипи кои играат Лига на Шампиони, Лига Европа, тешко беше и што секој ден се играа натпревари, ние како домаќини игравме и во 21:00 часот навечер, со кратко време за одмор после тоа..но најважно е дека покажавме друга слика на ГРК Охрид и се надевам дека ќе продолжиме во иста насока. ” – смета Ѓукиќ.

На овие два турнири тој прикажа одлична игра и се наметна како одлично засилување на Охрид пред новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!