Турнири

Возбудлив старт на 1/8 финалните натпревари – познати првите четвртфиналисти!

Сподели
Сподели

Возбудата на турнирот во мал фудбал во Волино продолжува со силно темпо! Во петок и сабота се одиграа возбудливи 1/8 финални натпревари, кои донесоа многу голови, пресврти и неизвесност до последниот свиреж на судијата.

Во петок, Чардак Велгошти ја започна нокаут фазата со убедлива победа над Дејан Војвода (4:1), додека Хотел Тино славеше со сигурни 0:2 против Мешеишта. Тимот на Брумел го минимизираше Гранит Х со 1:0, а најголемото изненадување на вечерта го приреди Екстра Скопско, совладувајќи го Др. Баткоски со убедливи 1:7.

Саботата донесе уште повеќе неизвесност и голови. Аце Најдески го елиминираше Том Гор со минимални 1:0, а Инекс Олгица во вистински трилер славеше против Гостистилница кај Мече со 5:4.

Сатеска обезбеди место во четвртфиналето со победа над Бел Мерцедес (4:3), додека Кафе бар Лавадо продолжи со одличните игри, победувајќи го Дооел Ноче со 2:1.

Распоред за понатамошното натпреварување

  • 24.08.2025 (недела) – Четвртфиналиња

21:00 Хотел Тино – Инекс Олгица

22:00 Сатеска – Кафе бар Лавадо

  • 25.08.2025 (понеделник) – Четвртфиналиња

21:00 Чардак Велгошти – Аце Најдески

22:00 Брумел – Екстра Скопско

  • 26.08.2025 (вторник) – Полуфиналиња

21:00 Победник од првото четвртфинале – Победник од второто

22:00 Победник од третото четвртфинале – Победник од четвртото

27.08.2025 (среда) – Слободен ден

28.08.2025 (четврток)

20:30 – Натпревар за 3-то место

21:30 – Големо ФИНАЛЕ

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!