Ракомет

Кукуловски: Сè уште се подготвуваме и се вклопуваме, вечерва одиме да го освоиме турнирот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вечерва се игра големото финале од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во СЦ „Билјанини Извори“, каде копјата ќе ги вкрстат домаќинот Охрид и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека сè уште се подготвуваат и дека е потребно време за да се вклопат бидејќи има доста нови играчи.

Кукуловски, исто така за Спортска Мрежа го најави и финалето со Еурофарм Пелистер, а тој истакна дека Охрид оди да го освои турнирот.

„Сè уште е подготвителен период, сè уште се подготвуваме, потребно е уште време за да се вклопиме… имаме сосема нов тим, со доста нови играчи. Вечерва одиме на победа, се знае дека сигурно ќе биде тежок натпревар, но ќе го дадеме максимумот од себе и да се надеваме дека ќе го освоиме и овој турнир“, вели Кукуловски пред финалето со Еурофарм Пелистер за Спортска Мрежа.

Големото финале започнува во 20 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!