Ракомет

Кукуловски: Нексе е одличен тим, отворивме лошо – но се корегиравме во текот на мечот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Охрид ќе игра во големото финале на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а ќе ги одмери силите со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Охриѓани во последниот меч од групната фаза загубија од хрватскиот вицешампион Нексе со минимални 30:29, но поради подобрата гол разлика тимот на Борис Ројевиќ патува во големото финале.

Ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски во изјава за Спортска Мрежа вели дека противникот од Хрватска бил одличен тим, додава дека лошо го отвориле мечот, но се вратиле во текот на натпреварот.

„Знаевме каков натпревар нè очекува, знаевме за каков тим се работи. Екипата на Нексе е одличен тим, тие се вице-шампиони на Хрватска. Беше еден тежок натпревар, можеби на почетокот отворивме малку лошо, но ете, во вториот дел од натпреварот, полека се вративме и можеби не го добивме мечот, но си ја остваривме целта и сме во финалето“, вели Кукулоски за Спортска Мрежа.

Големото финале меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра утре во СЦ „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!