Трета лигаФудбал

Турново сезоната ја отвара во Дојран, Овче Поле домаќин на Тиверија, Победа Валандово слободна во првото коло!

Сподели
Сподели

Со извлекувањето на ждрепката за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, познати се двојките за првото коло.

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново сезоната ја отвара против Дојранско Езеро, Рудар кој прави кам-бек по една сезона ќе биде домаќин на Малеш од Берово, а пак во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле и струмичка Тиверија.

Во првото коло ќе го гледаме и големото дерби во Зрновци каде ќе се судрат Светлост и Карбинци, а пак во Пирава на мегдан одат домаќинот Ударник и Брегалница од Делчево.

Тоа што го ексклузивно го најави Спортска Мрежа и се потврди, ланскиот второлигаш Вардарски нема да продолжи со натпреварување, па со тоа во рамки на првото коло екипата на Победа од Валандово која по неколку години се врати во Трета лига – Исток во првото коло ќе биде слободна.

Во новата сезона која започнува на 7 септември ќе се натпреваруваат 11 екипи, а шампионот игра бараж за можен влез во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!