Ракомет

Талески: Лошо го отворивме натпреварот со Тримо, но добро е што знаеме да се смириме и изработиме она што го тренираме!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарот на Вардар, Филип Талески, веднаш по натпреварот со Тримо Требње, за Спортска Мрежа изрази пофални зборови во однос на квалитетот на турнирот.

„Прво морам да го пофалам турнирот тука, во Охрид. Навистина има доста квалитетни екипи и секој натпревар е неизвесен, што се виде и во претходните натпревари дека сите играат добар, брз ракомет..што е модерно за ова време“, вели Талески за Спортска Мрежа.

Во однос на натпреварот, изјави дека истиот го започнале лошо, како и сите три досега, но сепак е задоволен од тоа што, сепак успеваат да се консолидираат во вториот дел и да победат.

„Натпреварот го отворивме лошо, како и сите досега. Ова ни е трет натпревар, а и првите, исто така ги отворивме лошо..меѓутоа добро е што знаеме да се смириме и знаеме во второ полувреме да го направиме она што го тренираме. Можам да кажам дека во второто полувреме ги наттрчавме , постојано го контролиравме резултатот..тие се вратија, имаа можност и да израмнат, меѓутоа ние не потпаднавме под притисок и го задржавме водството“, смета ракометарот на Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!