Ракомет

Еурофарм Пелистер ремизира со Динамо Панчево – чека услуга од Вардар за пласман во финалето

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра возбудлив и драматичен натпревар против Динамо Панчево на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, кој заврши со реми 24-24. Битолчани пропуштија голема шанса да обезбедат финале со своите сили, па сега нивната судбина зависи од исходот на дуелот меѓу Вардар 1961 и Тримо Требње.

За пласман во финалето, Пелистер ќе мора да се надева на победа на Вардар. Доколку заврши нерешено, ќе се пресметува гол-разлика или број на постигнати голови.

Драматичен тек на натпреварот

Пелистерци започнаа одлично и трипати водеа со +3, но потоа паднаа во темпо и дозволија Динамо да направи серија од 6:0 за целосен пресврт и водство од 13-10 на полувремето. Второто полувреме започна исто така лошо за македонскиот шампион – српскиот тим стигна до +5 (15-10), а голманот Никола Чировиќ блескаше со низа одбрани, вкупно дури 16 на крајот од мечот.

Сепак, Пелистер покажа карактер. Со головите на Манасков, Ранчиќ и Видомски, а и благодарение на одличните интервенции на младиот голман Мартин Јовановски, тимот се врати во игра. Во 55. минута, Калед Валид донесе водство 22-21 и најави можен пресврт.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во завршните секунди, битолчани водеа со 24-23, но Динамо преку Чубрило успеа да израмни на 24-24 на четири секунди до крај. Видомски имаше шанса за победа, но неговиот удар заврши над голот.

Пелистерци остануваат во игра за финалето

И покрај пропуштената победа, Пелистер останува во игра за финалето на турнирот. Капитенот Кузмановски се врати во составот по повреда, а тимот настапи со изменета голманска постава, давајќи шанса на Јовановски кој одговори со неколку клучни одбрани.

Сега погледите се вперени кон дербито Вардар – Тримо Требње, кое ќе одлучи дали македонскиот првак ќе продолжи кон битка за трофејот на турнирот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!