Турнири

ФОТО: Партизан со убедлива победа над шампионот на Фарски Острови

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на белградски Партизан со сигурен настап ја запишаа втората победа во групата 1, совладувајќи го шампионот на Фарски Острови, Киндил, со убедливи 34-21. Со овој триумф, „црно-белите“ остануваат во игра за второто место и пласман во следната фаза.

Стратегот на Партизан, Ѓорѓе Чирковиќ, одлучи да им даде одмор на неколку клучни ракометари, ротирајќи го составот со цел да ги сочува силите за престојните европски предизвици. Сепак, белградскиот тим уште од стартот ја имаше контролата врз натпреварот. На полувреме заминаа со предност од 15-11, а во второто полувреме го „згазнаа гасот“ и ја потврдија својата класа.

Од друга страна, тренерот на Киндил, Давид Едвардсен, го искористи дуелот за да им даде минутажа на помладите играчи и да стекнат искуство против посилен противник.

ФОТО: Спортска Мрежа

Партизан сега го чека исходот од натпреварот меѓу Охрид и хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, кој ќе биде клучен за расплетот во групата. Во сабота, Киндил ќе игра за седмото место со почеток во 10:30 часот.

Најдобри стрелци за Партизан беа Лазар Анѓелковиќ со осум погодоци и Вељко Поповиќ со пет, додека кај Киндил се истакна Симон Педерсен, исто така со осум гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!