Турнири

Во среда се отвара турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, многу екипи и силна конкуренција

Сподели
Сподели

Во среда се отвара овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, а на кој турнир ќе настапат 28 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи.

Четири групи ќе бројат по четири екипи, а пак четири групи ќе бројат по три екипи.

  • Групата А: Поликлиника Др. Спаско Ѓурчиновски, Тино Паб, Мавровски Мекар, Кафе Чао
  • Група Б: Агросмарт, Кир-Дес Еврејка, Eri Corporation, Феникс
  • Група В: Фасада Чајник, Доленци Превоз, ФК Братство, Сливница
  • Група Г: АСП-Пак, Авто Лакер Зебец, Буковски Ливади, З.Г. Виктор Илиоски
  • Група Д: Јанески Транс Крушево, З.Г. Начко, Десово Градба
  • Група Ѓ: Слепче, Висок Напон – Горна Куќа, Битолска Коњаница Галоп
  • Група Е: Пекара Александар, Кафе План Б Могила, Бучин
  • Група Ж: Инекс Олгица Хотел и Спа, Теута Норов, ПВЦ Никем

Официјалното на турнирот ќе биде во среда од 17 часот, првиот меч е закажан за во 17:30 часот, а во истиот се среќаваат Поликлиника Др. Спаско Ѓурчиновски против Кафе Чао, во 18:15 часот екипата на Слепче ќе игра со Битолска Коњаница Галоп, а пак во 19 часот Тино Паб Охрид ќе оди на мегдан со Маровски Мерак.

Програмата за четврток нуди три мечеви. Првиот во 17:15 часот каде Кафе Бар Б Могила ќе се соочи со Бучин, во 18 часот З.Г. Начко против Десово Градба, а во 18:45 часот Кир Дес Еврејка против Феникс.

За петок исто така се предвидени три мечеви во истите термини. Првиот меч е меѓу АСП – Пак против Авто Лакер Себев, а потоа АСП Пак ќе одигра уште еден меч против З.Г. Виктор Илиоски, а пак во третиот меч Јанески Транс Крушево ќе игра со З.Г. Начко.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој турнир и годинава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Во среда се отвара турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, многу екипи и силна конкуренција

Во среда се отвара овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, а на кој турнир ќе настапат 28 екипи, кои...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во следното коло ќе донесе дуел меѓу две добро познати екипи од...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кожуф од Гевгелија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

Турнири

ФК Камза од Албанија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Камза од Албанија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем,...

Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!