Турнири

Сатеска и Др Баткоски со убедливи победи, два меча на турнирот во Волино завршија без победници!

Сподели
Сподели

Фудбалските возбудувања на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ во Волино продолжија и вечерва со четири интересни натпревари кои донесоа голема неизвесност и многу голови.

Во првиот дуел, Хотел Тино и Том гор одиграа нерешено (2:2) во еден крајно израмнет натпревар. Сатеска ја оправда фаворитската улога и со убедливи 5:2 ја совлада екипата на Искра, покажувајќи моќна игра во нападот.

Голема борба се водеше и меѓу Ескобар и Екстра Скопско, натпреварот заврши без победник (2:2), што најдобро ја отсликува рамноправноста на теренот.

Во последниот меч од вечерта, Др Баткоски ја победи екипата на Компани Стојкоски со сигурни 4:1, ставајќи до знаење дека ќе биде сериозен конкурент за висок пласман.

Публиката и љубителите на фудбалот повторно ќе уживаат во четири возбудливи дуели кои на програмата се утре.

20:00 Брумел – Новапор

21:00 Плажа Канео – Бел Мерцедес

22:00 Сатеска – Екстра Скопско

23:00 Гранит Х – Кибо пласт

Се очекува уште една вечер исполнета со динамика, добри потези и борба за секој бод.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Крива Паланка за прв пат, или седма титула за Бадел 1862?

Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат во својата историја, ќе биде шампион на Македонија во женска сениорска...

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Мали фудбалери, големи луѓе: генерацијата 2013 на Детонит Плачковица пример за вистински вредности

Фудбалот не е само игра и резултат – тој е школа за живот. Токму тоа го покажаа младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!