Ракомет

Бутел се намачи, но закажа финале против Охрид на Струшкиот турнир

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Екипата на Бутел Скопје е вториот финалист на 53. издание од Струшкиот турнир, откако во последниот натпревар од групната фаза извојува тесна победа над Тиквеш со резултат 31-30.

Со овој триумф, Бутелци го зазедоа првото место во групата со четири освоени поени. Иако беа во негатива од шест гола, покажаа борбен дух и истрајност, се вратија во игра на десетина минути до крајот, а во завршницата беа поснаодливи и ја запишаа победата.

Инаку, Тиквеш одлично го отвори натпреварот и поведе со 6-3, при што Печурица блескаше на голот. Бутел брзо се врати во ритам, неколкупати намалувајќи на минимална разлика, но кон крајот на првото полувреме падна во форма, што им овозможи на Кавадарчани да заминат на пауза со предност од 20-15.

Клучните моменти се одиграа во вториот дел од мечот, кога избраниците на Кристијан Грчевски направија серија и поведоа со убедливи 22-16. Но, тогаш блесна голманот Стојаноски со неколку врвни интервенции, со што ја разбуди екипата на Бутел.

Во победничкиот табор се истакнаа Николов со девет погодоци, Спасовски постигна шест, а Субашевски пет гола. Стојаноски забележа девет успешни интервенции, додека Трајкоски имаше неколку значајни одбрани во клучните моменти.

Од тимот на Тиквеш, најрасположен беше Димитар Коцев со дури 11 гола, а Печурица одбрани девет удари кон својот гол.

Финалната пресметка меѓу Охрид и Бутел Скопје е закажана за утре со почеток од 20:45 часот. Натпреварот за третото место меѓу Тиквеш и Бурса ќе се игра од 18:45 часот, додека утринскиот дуел меѓу Струга и Раднички Крагуевац започнува во 10:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!