Трета лигаФудбал

Крај за сениорскиот фудбал во Богданци – Вардарски се повлекува од натпреварување

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Вардарски од Богданци, кој минатата сезона по 27 години пауза настапуваше во Втората македонска фудбалска лига, повеќе нема да се натпреварува во сениорска конкуренција.

Како што дознава Спортска Мрежа, ФК Вардарски веќе доставил известување до ОФС Кочани, каде што е седиштето на Трета лига – Исток, дека нема да настапи во сезона 2025/26.

По експресното испаѓање од Втората лига и враќањето во Третата лига – Исток, раководството на клубот донесе одлука тимот да не продолжи со настапи во сезоната 2025/26.

Минатата сезона, Вардарски им понуди на љубителите на спортот во Богданци ретка можност да гледаат второлигашки фудбал, но резултатите не беа охрабрувачки – клубот заврши на последното место на табелата и со тоа повторно се најде меѓу третолигашите.

Одлуката за повлекување значи дека оваа сезона градот на југот од Македонија ќе остане без сениорски фудбал, а останува да се види дали клубот ќе се врати во иднина и повторно ќе заживее фудбалската сцена во Богданци, кога е во прашање сениорскиот фудбал.


Како за спомен остануваат натпреварите од Втората лига од сезона 2024/2025, а особено натпреварот од 2. коло од минатата сеозна кога во Богданци гостување Кожуф од Гевгелија и беше одиграно дербито на Југот, а стадионот беше исполнет во целост со домашната публика и гостинската публика и навивачи.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Ова значи дека сега Трета лига – Исток наместо со 12 останува со 11 екипи, а во истата ќе настапат Хоризонт Турново, Брегалница Делчево, Тиверија, Дојранско Езеро, Ударник, Победа Валандово, Овче Поле, Малеш, Карбинци и Рудар, Светлост Зрновци.


Новата сезона ќе започна на 7 септември, а како што дознава Спортска Мрежа следната недела ќе се одржи ждрепката за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!