Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со брз пресврт до победа над Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Двократниот шампион Струга Трим Лум продолжи со одличниот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, славејќи со 1-2 на гостувањето кај новајлијата Арсими 1973 во Гостивар.

Дебитантот во елитата одигра солидно прво полувреме и во 42. минута дојде до водство – Нигериецот Олатунбосун доби топка пред шеснаесетникот и со силен, прецизен удар од дваесетина метри ја затресе мрежата на голманот Ангелини. Арсими со минимална предност замина на паузата, оставајќи впечаток дека може да го изненади фаворитот.

Во вториот дел, Струга тргна поофанзивно, а притисокот вроди со плод во 69. минута, кога по нафрлање од десната страна, Марјан Радески беше оставен сам и со удар со глава израмни на 1-1. Само три минути подоцна, нова грешка во домашната одбрана ја искористи Басиру Компаоре, кој му ја одзеде топката на Цуцули и прецизно биеше за целосен пресврт – 1-2.

До крајот, Струга рутински го задржа водството и стигна до вториот триумф во сезоната, со што по две кола има максимални шест бода. Арсими останува со еден освоен бод од ремито со Башкими во првото коло.

Во следната рунда, Арсими го очекува тешко гостување кај шампионот Шкендија, додека Струга ќе го пречека Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!