Прва лигаФудбал

Шкупи го откажа натпреварот – службена победа за Силекс

Сподели
Сподели

Вториот натпревар од колото во Првата македонска фудбалска лига помеѓу Шкупи и Силекс нема да се одигра, откако чаирчани го откажаа дуелот. Според правилата, кратовци ќе ги добијат трите бода со службен резултат од 3-0.

Шкупи требаше да биде домаќин, но нивниот стадион „Чаир“ не ги исполнува условите за користење на ВАР-технологијата. Клубот бараше алтернативно решение и се разгледуваа стадионите во Куманово, Маџари и Струмица, но ниту една опција не беше реализирана. Официјалната причина за откажувањето сè уште не е објавена, иако се споменуваат логистички и организациски потешкотии.

Ова е втор сериозен удар за Шкупи, кој во првото коло против Шкендија настапи со младинци. Според пропозициите, ново непојавување би значело и исфрлање во најнизок ранг. Од клубот засега нема официјално соопштение за новонастанатата ситуација.

Од редовите на Силекс пак, ваквиот развој на настаните го запишаа како „уште една победа кон шампионската титула“. Кратовци во следното коло, на 23 август (сабота) од 17:00 часот, ќе ја пречекаат екипата на Македонија Ѓ.П и очекуваат нов триумф пред своите навивачи.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!