Прва лигаФудбал

Вардар го освои Кавадарци – втор триумф во новата сезона

Сподели
Сподели

Најтрофејниот македонски клуб Вардар продолжува перфектно во Првата македонска фудбалска лига, остварувајќи ја втората победа во исто толку натпревари, овојпат на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци (1:2).

Во атмосфера на тензии и во присуство на навивачките групи „Лозари“ и „Комити“, домашниот тим започна поактивно и создаде неколку добри шанси. Најблиску до гол беше Иван Ивановски во 34. минута, кога по асистенција од Стојанов имаше празна мрежа пред себе, но Михаел Маневски и Димитар Данев со навремена интервенција го спречија погодокот.

Казната за пропуштените прилики дојде на стартот од второто полувреме – по корнер на Горан Закариќ, Мислав Матиќ остана сам во шеснаесетникот и со удар со глава погоди за 0:1 во 52. минута. Новиот корнер на Вардар во 68. минута донесе и втор гол – по мешаница, Роџерс Мато ја затресе мрежата за 0:2.

Во финишот, Азер Омерагиќ постигна гол за 0:3, но беше поништен поради офсајд. Тиквеш успеа да намали во 93. минута преку Иван Ивановски, но времето не беше доволно за израмнување.

Со овој триумф, Вардар останува максимален по две кола заедно со Струга Трим Лум, а во следното коло ќе ја пречека Брера. Тиквеш, пак, ќе ја брка првата победа на гостувањето кај Башкими во Куманово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!