Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш и Работнички во борбено реми без голови

Сподели
Сподели

На стадионот во Кавадарци, Тиквеш и Работнички одиграа борбен натпревар кој заврши со најнепопуларниот резултат – 0:0, во рамки на првото коло од Првата македонска фудбалска лига. Ова е прв ваков исход меѓу двата ривали на овој терен.

Мечот започна во знакот на домаќините, кои уште во 3. минута преку Кристијан Стојковски го тестираа голманот Васко Василев. Во првите 45 минути Тиквеш ја имаше иницијативата и притисокот, но Работнички имаше неколку зрели шанси, најсериозна преку Дашмир Елези во финишот на првото полувреме, кој шутираше над голот. Голманите Стевковски и Василев беа клучните фигури, со низа сигурни интервенции.

Вториот дел донесе слична слика – Тиквеш офанзивен, Работнички организиран во одбраната и опасен од контри. Иван Ивановски имаше шанса за домашните во 80. минута, но беше блокиран, додека најголемата можност за гостите ја имаше Јован Бошнаков во 84. минута, кога излезе сам пред Стевковски, но голманот на кавадарчани блесна со одлична одбрана.

Со овој бод, двата тима го отворија шампионатот без пораз, а Првата лига ќе се комплетира во утре со дуелот Силекс и Брера Струмица кој се игра во Кратово, а кој ќе започне во 17:30 часот.

Во однос на останатите резултати, во петокот шампионот Шкендија со 5:1 го декласираше Шкупи, Вардар беше пресилен со 4:1 против Пелистер во „вечното дерби“ кое се играше во Скопје. Вчера, Башкими и Арсими ремизираа играјќи 1:1, додека пак Струга Трим Лум со 2:0 ја доби Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!