Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Сподели
Сподели

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни судии од Европа. По неколкумесечна работа со инструктори на УЕФА и фитнес-тренери, денеска ги добија и дипломите за успешно завршениот курс.

Програмата започна во март 2026 година, а завршува во октомври, период во кој учесниците беа следени од стручниот тим на европската фудбалска куќа. Во неа учествуваа судии од 12 држави: Италија, Англија, Холандија, Шкотска, Полска, Хрватска, Малта, Унгарија, Босна и Херцеговина, Финска, Молдавија и Македонија.

Во текот на програмата, Ќерими и Трајков работеа на унапредување на своите судиски способности, физичката подготвеност и познавањето на Правилата на фудбалската игра (Laws of the Game). Дел од обврските беа и полагање на Yo-Yo тестот, како и проверки на теоретското знаење.

По завршувањето на курсот, македонските претставници успешно ги поминале предвидените проверки, со максимални оценки и без грешки во оценувањето.

UEFA CORE претставува значаен развоен проект за млади и талентирани фудбалски судии, преку кој избраните кандидати добиваат можност да работат според високите европски стандарди. Освен едукативниот дел, програмата опфаќа и континуирано следење на напредокот, со цел учесниците да го унапредат своето судење и да се подготват за поголеми предизвици во меѓународниот фудбал.

По добивањето на дипломите, Ќерими и Трајков упатија благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, до Јосип Бартон, претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ, како и до целата судиска организација, како и до фитнес-тренерот Сашо Даневски за поддршката во текот на подготовките.

Успешното завршување на UEFA CORE 63 програмата е значаен чекор во развојот на Бењамин Ќерими и Борис Трајков и можност стекнатото знаење и искуство да го применат во домашните и меѓународните судиски предизвици. Воедно, нивното учество претставува уште едно значајно искуство за македонското судење и неговото присуство во европските развојни програми.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!