Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Сподели
Сподели



Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот од Зла Страна до врвот Карбула, како и поправка на патоказот што по вторпат бил отстранет, а кој ја означува насоката за спуштање од врвот кон Ростушки Мост.

Во рамки на активностите била направена и проценка на состојбата на патеката од Ростушки Мост кон Зла Страна. Од Комисијата посочуваат дека станува збор за атрактивна планинарска патека на која ѝ е потребно поголемо внимание и значително подобрување на неколку делови.

Пред сè, потребно е да се обнови и подобри маркацијата, да се расчисти влезот на патеката кај чешмата, како и излезот од шумата, каде што трасата лесно може да се изгуби во густите грмушки.

Посебно предупредување до планинарите се однесува на тежината на патеката од Ростушки Мост до врвот Карбула. Искачувањето е исклучително тешко, не само поради висинската разлика што треба да се совлада, туку и поради специфичноста на теренот. На повеќе места патеката е пресечена од одрони, има стеснувања и стрмни делници, што дополнително го отежнува движењето.

Од Комисијата за планинарски патеки при ФПСМ нагласуваат дека сите планинари кои планираат да го искачуваат врвот Карбула од Ростушки Мост треба сериозно да ја земат предвид тежината на теренот и да бидат соодветно подготвени.



Задолжително е претходно пријавување на движењето во Националниот парк Маврово, со цел да се придонесе за поголема безбедност при планинарењето во овој предел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Голема победа на Македонија до 17 години против Унгарија на квалификациите во Турција, хет-трик на Стефан Ристиќ

Македонската репрезентација до 17 години оствари голема победа, 3:2 против Унгарија на натпреварот од воведното коло од првата квалификациска рунда за Европското првенство...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!