Останато

Ѓорческа без загубен сет во второ коло во Србија!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во второто коло на ИТФ турнирот што се одржува во Куршумлијска Бања, Србија. Таа денеска беше подобра од Романката Стефанија Бојика, која го предаде мечот во вториот сет.

Ѓорческа поведе со 1-0 во сетови, а потоа и со 1:0 во гемови во вториот сет, по што Романката реши да не го доигра натпреварот.

Во следната фаза, нашата најдобра тенисерка ќе се сретне со 19-годишната Италијанка Виторија Паганети, која се наоѓа на 499. позиција на ВТА листата. Таа денеска ја елиминираше Украинката Рада Золотарева со убедливи 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања се игра за награден фонд од 30.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со...

Останато

Формиран Сојузот на училишен спорт на Источниот регион – Александар Андов избран за претседател

Со цел унапредување, развој и поголема афирмација на училишниот спорт, официјално се...

Останато

Три победи и само еден загубен сет: Штип УГД вечерва ја брани серијата против Работнички

Штип УГД вечерва има можност да го продолжи беспрекорниот првенствен почеток. Во...

Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!