Ракомет

Ројевиќ: Сигурно е дека нашите амбиции се да победуваме против најсилните македонски екипи!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид влегува во новата сезона со големи амбиции и јасна цел – борба за самиот врв. По интензивниот летен преоден рок, во кој беа ангажирани неколку интернационалци со докажан квалитет, клубот испраќа порака дека е подготвен за највисоки предизвици.

Новиот кормилар на охридскиот колектив, српскиот стратег Борис Ројевиќ, ја презеде функцијата пред стартот на подготовките и веднаш се зафати со предизвикот да ја постави основата на еден конкурентен и силно мотивиран тим. Клучните играчи од минатата сезона останаа да бидат дел од тимот, додека ростерот беше надграден со неколку домашни и странски имиња кои ќе донесат дополнителен квалитет и искуство.

Ројевиќ го поздравува односот и залагањето на ракометарите во првите денови од работата, но е свесен дека е неопходно време за играчите целосно да се усогласат и да ја изградат потребната тимска хемија.

,, Навистина сум презадоволен од почетокот, како работат момците, од залагањето, од односот на сите во клубот и имам само зборови на благодарност. Фокусот е на нас. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма и што порано да даваме добри партии ”, вели Ројевиќ.

Со вакви подготовки и подновен состав, Охрид се наметнува како еден од скриените адути во претстојната сезона — тим што може сериозно да им ги помати сметките на фаворитите и да го предизвика статусот на доминантните клубови како Еурофарм Пелистер и Вардар.

,, Ќе ни треба време да видиме до каде сме, сигурно е дека наши амбиции се ГРК Охрид да почне да победува против најсилните екипи во Македонија ”, истакнува Ројевиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Ракомет

(ФОТО) Лазаров го надмудри својот учител Червар – Алкалоид го урна Еурофарм Пелистер и се искачи на третото место!

Ракометарите на Алкалоид на домашен терен во го совладаа актуелниот вицешампион Еурофарм...

Ракомет

ГРК Тиквеш ќе добие нов тренер, откако се раздели со Кристијан Грчевски

Суперлигашот ГРК Тиквеш ќе добие нов шеф на стручниот штаб, откако клубот...

Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!