Прва лигаФудбал

ВАР системот доби зелено светло – промоција во ФФМ пред стартот на новата сезона!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во „Куќа на фудбалот“ денес беше официјално промовиран ВАР системот, кој за првпат ќе се користи во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ) од новата сезона. Овој чекор претставува голем исчекор за македонскиот фудбал и модернизација во согласност со европските и светските стандарди.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе изгради три ВАР-соби, контролна просторија и сервер, сè според строгите стандарди на ФИФА. Покрај тоа, обезбедено е и репортажно возило кое ќе се користи за телевизиски преноси на натпреварите.

ФОТО: ФФМ

На промоцијата зборуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект лидерот Дејан Јакимовски и претседателот на Комисијата за делегирање на судии, Јосип Бартон, кои ја претставија целокупната слика за имплементацијата на ВАР системот.

„ВАР системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во федерацијата кој 24/7 работеше на овој проект. За само три месеци ја набавивме целата потребна технологија и изградивме три модерни ВАР-соби и контролна просторија. Многу поголеми федерации од нашата имаа потреба од подолг период за ваков проект, а ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание – не им се веруваше дека ќе успееме во толку краток рок“, истакна Омерагиќ.

ФОТО: ФФМ

Сите клубови од Првата МФЛ пријавија стадиони кои ги исполнуваат условите за користење на ВАР технологијата и добија соодветни лиценци. Единствен исклучок е стадионот во Чаир, каде настапува екипата на Шкупи, бидејќи таму сè уште нема технички услови за имплементација на системот.

Судиите што ќе бидат дел од ВАР-собите ќе бидат исклучиво македонски арбитри, кои веќе минаа соодветна обука.

ФОТО: ФФМ

Со оваа новина, македонскиот фудбал прави значаен чекор напред во обезбедување на фер и прецизни судиски одлуки, што ќе придонесе за подигнување на квалитетот и регуларноста на натпреварите во најелитното домашно фудбалско натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!