Ракомет

Струга 2025: Познат е распоредот на натпревари за 53. издание на турнирот

Сподели
Сподели

Познат е официјалниот распоред на натпревари на годинешното 53. издание на Струшкиот турнир. Имено, натпреварите ќе се играат од 13 до 16 Август. Учествуваат македонските екипи- Струга, Охрид, Бутел и Тиквеш, а меѓу гостите се екипите на Раднички од Србија, како и турската екипа Бурса.

Првиот ден, турнирот стартува со вечното ,, Езерско дерби ”, кое ќе се игра во 18:30 часот. Подоцна, следува официјалното свечено отворање на турнирот во 19:55 часот, а првиот ден завршува со средба помеѓу Бутел и Раднички, од 20:40 часот.

Вториот ден, на програмата се два натпревари. Во 18:30 на ракометното игралиште ,, Горан Попоски- Бабец ”, во Струга, ќе се соочат Тиквеш и Раднички, а подоцна, во 20:40 часот, силите ќе ги одмерат Охрид и турскиот претставник- Бурса.

Третиот ден започнува со натпревар помеѓу домаќините со Бурса во 18:30 часот, додека пак нешто подоцна, во 20:40 часот ќе играат екипите на Тиквеш и Бутел.

Последниот ден од турнирот, на 16 Август, публиката ќе има можност да ужива во три натпревари- натпреварот за 5-то место во 10:30, потоа следува натпреварот за 3-то место во 18:30, и вечерниот термин од 20:40 часот е резервиран за финалето.

Турнирот ќе биде одлична можност за темпирање на формата и воигрување на учесниците пред почетокот на новата сезона, а публиката ќе има одлична можност да ужива во одличен ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!