Останато

Градот Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Сподели
ФОТО: Федерација на училишен спорт на Македонија
Сподели

Во периодот од 20 до 29 април 2026 година, главниот град Скопје ќе биде центарот на светскиот училишен ракомет. Македонија ќе го организира Светското училишно првенство, под покровителство на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Официјалниот договор за организација на првенството беше потпишан од министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата за училишен спорт, Елена Мицковска, и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.

Според министерот Ристовски, организацијата на ова првенство е признание за напорите што се вложуваат спортот да биде постојано присутен во животот на младите преку училишниот систем.

„Горд сум што Македонија ќе биде домаќин на ваков значаен светски спортски настан. Ова првенство е резултат на нашата заложба спортот да стане основен дел од младинското воспитување. Преку вакви настани, се поврзуваат спортот, образованието и младинската соработка на меѓународно ниво. Убеден сум дека ова ќе биде силна мотивација за нашите ученици и млади ракометари“, рече Ристовски.

Жељко Танасковиќ, претседател на Светската федерација за училишен спорт, посочи дека ваквите натпреварувања се од особено значење, имајќи предвид дека ракометот е еден од најпопуларните спортови на Балканот.

„Ракометот е исклучително популарен спорт во Македонија. Идејата за Скопје како домаќин се роди на Светската гимназијада во Златибор, кога бевме сведоци на посветеноста и визијата на македонскиот тим. Верувам дека првенството ќе се реализира на највисоко ниво и ќе испрати силна порака за поврзаноста меѓу спортот, образованието и културата“, изјави Танасковиќ.

Претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, нагласи дека организацијата на ваков настан е огромна чест и обврска за државата и градот-домаќин.

„Светското училишно првенство во ракомет е настан од огромно значење за нас како Федерација. Благодарни сме на Министерството за спорт и на министерот Ристовски за поддршката што ни ја овозможија. Овој настан ќе биде празник за младиот спорт, мотивација за натпреварувачите и пример за сите идни генерации“, рече Мицковска.

На Светското училишно првенство се очекува да учествуваат околу 1.000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години, кои ќе дојдат од различни краеви на светот. Овие млади спортисти ќе имаат можност да се натпреваруваат на високо меѓународно ниво, да разменуваат искуства и да ги развиваат своите вештини во ракометот, претставувајќи ги своите земји и култури на спортски и пријателски начин.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!