ИнтернационалциФудбал

Историски успех за ЖФК Љуботен – финале за пласман во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, обезбеди пласман во финалниот плеј-оф за влез во Лигата на шампионите, откако во полуфиналниот дуел славеше со убедливи 4-1 против тимот на Рунавик.

Тетовки доминираа уште од самиот старт, обезбедувајќи водство  3-1 на полувремето со головите на Марковска, Мустафа и Максути. Во вториот дел, триумфот беше потврден со погодокот на Нигеријката Мариан Охадиве.

Ова е историски момент за Љуботен, кој стана првиот македонски женски клуб што се пласирал во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите, според новиот формат воведен во 2021 година.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во финалето, Љуботен ќе се соочи со ерменскиот претставник Пјуник, кој во другото полуфинале ја совлада НСА Софија со 0-1.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дополнителна предност за македонскиот шампион е фактот што е домаќин на овој квалификациски турнир за пласман во елитната фаза на УЕФА Лигата на шампиони. Во сабота Љуботен против Пјуник ќе игра во 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите. Овче Поле кој...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од второто коло на Трета лига регион 6. Градец по поразот во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!