Останато

Убедлива победа за Калин Ивановски на стартот во Куршумлијска Бања!

Сподели
ФОТО: TФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со импресивна игра и само три загубени гема избори сигурен пласман во второто коло на ИТФ турнирот М15 во српската Куршумлијска Бања.

Осмиот носител на турнирот го совлада Колумбиецот Фрејзлер Ренгифо со 2-0 во сетови (6:2, 6:1), при што му беа потребни само 70 минути за триумф. Ивановски доминираше од самиот почеток, отворајќи го мечот со водство од 4:0 во првиот сет, кој го заврши со 6:2. Во вториот сет продолжи во ист стил, поведувајќи со 3:0, а единствениот гем кој го загуби беше при водство од 3:1. Сетот го заврши убедливо со 6:1.

Во следната фаза, Ивановски ќе се соочи со домашниот тенисер Ѓорѓе Шапиќ, кој беше подобар од Швајцарецот Сирил Пилонел, славејќи со 2-0 во сетови.

На истиот турнир, македонскиот претставник Горазд Србљак беше елиминиран во првото коло, иако претходно избори три победи во квалификациите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден со победа над Њу Старс, тежок пораз за Аеродром, три бода за Фортуна

Аеродром доживеа тежок пораз откако на домашен терен загуби од Кул Здравје со резултат од 0:6, во мечот од 5. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Реми на Борец и Росоман, Големо Коњари и Влазними Јуниор ги поделија бодовите

Мечот од 5. коло на Трета лига регион 4 во Велес меѓу Борец и Росоман заврши без победник и без голови, двете екипи...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!