Прва лигаФудбал

Ѓорѓе Белиќ ново засилување за ФК Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот е српскиот фудбалер за врска Ѓорѓе Белиќ. 27- годишниот интернационалец од Србија потпиша едногодишен договор и веќе од денес ќе биде на располагање на стручниот штаб на битолскиот прволигаш.

Белиќ доаѓа од белградски Вождовац, каде ја мина минатата сезона, а претходно настапуваше и за неколку српски клубови меѓу кои Мачва, Дрина Љубовија, Лозница и Дубочица. Роден е во Сремска Митровица и се истакнува со својата разновидност во средниот ред, каде што може да игра на повеќе позиции. Неговото искуство и квалитет треба да донесат дополнителна стабилност и сила во тимот на Пелистер.

Со ангажманот на Белиќ, Пелистер го комплетира шестото летно засилување, по претходното потпишување на Спировски, Ристиќ, Ристовски, Здравковиќ и Булатовиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!