Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јошко Миленкоски: Задоволен сум од сработеното, сега следува техничко-тактичка фаза

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

По успешно завршениот прв микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациите за Европското првенство 2026, македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација е во Софија, каде ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Бугарија.

Контролите со Бугарите ќе се одиграат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули со почеток во 17:00 часот, додека втората проверка ќе се одигра на 30 јули, на пладне. По завршувањето на вториот натпревар, нашата селекција се враќа во Македонија.

Селекторот Јошко Миленкоски ја искористи првата фаза од подготовките за физичка и основна техничка подготвеност, а натпреварите со Бугарија ќе бидат одлична можност да се види каде стои тимот пред најважните мечеви во август.

„Пријателските натпревари со Бугарија ќе бидат одлична контрола на тоа што го работевме изминативе десет дена во Маврово. Задоволен сум од ангажманот на играчите – работеа со висок интензитет. Сега веќе влегуваме во фаза на техничко-тактичка подготовка. Очекувам Бугарија да ни покаже и што е добро во нашата игра, но и каде треба да се подобриме пред квалификациите. Имаме уште доволно време, а меморијалниот турнир ‘Чајка’ ќе ни биде последна проверка на силата“, изјави Миленкоски.

По завршувањето на двомечот со Бугарија, репрезентацијата се сели во Скопје, каде од 31 јули ќе продолжи со втората фаза од подготовките. Централниот настан во овој период ќе биде 49. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, кој ќе се одржи од 5 до 7 август во салата „Борис Трајковски“. Покрај Македонија, на турнирот ќе настапат и селекциите на Бугарија и Швајцарија.

Првиот натпревар од евро-квалификациите Македонија го игра на 13 август во Атина против селекцијата на Грција, додека последниот дуел од циклусот ќе се одигра на 17 август во Скопје против Грузија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ....

Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во пет земји – Полска, Романија,...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Турнирот е одлична шанса за развој на младите играчи, градиме тим за иднина

Струмица е домаќин на развоен турнир организиран под покровителство на УЕФА, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство

Женската фудбалска репрезентација го продолжи настапот во квалификациите за пласман на Светското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Унгарија со пет погодоци славеше над Македонија во Битола

Женската репрезентација на Македонија со 0:5 загуби од Унгарија во Битола, во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!