Втора лигаФудбал

Мега трансфер во Радовиш: Зоран Андонов го засилува Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица продолжува со нови засилувања, клубот од Радовиш гради конкурентен тим со кој одново ќе се бори за горниот дел од табелата и одново „жолто-плавите“ ќе биде конкурентни за висок пласман.

Детонит Плачковица носи големо засилување за новата сезона, се работи за искусниот Зоран Андонов кој доаѓа од прволигашот Брера Струмица и ќе биде големо и квалитетно засилување, со што дефинитивно квалитетот на Детонит Плачковица ќе биде на многу повисоко ниво, сигурно повисоко и од минатата сезона.

Левиот бек ќе биде капително засилување за Радовиш, 25-годишниот струмичанец е всушност повратник во Детонит Плачковица, бидејќи дресот на радовишани го носеше во период од август 2022 до јануари 2023 година, а во неговата кариера настапуваше за Брегалница, Кит Го од Пехчево и Беласица.

Претходно, Детонит Плачковица се засили со искусниот Сашко Дуков, Филип Ѓорѓиевски, Мартин Мисердовски и Јасин Казимоски, како и со повратникот Стефан Бабунски и Тино Спасиќ.

Како што дознава Спортска Мрежа раководството на Детонит Плачковица води преговори за уште неколку квалитетни засилувања, па ќе се потврди дека радовишкиот второлигаш одново ќе има тим за високи дострели.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа славеше над Големо Коњари со шест гола, Росоман убедлив со четири гола, еден меч заврши без погодоци за делба на бодовите

Прилепска Победа со убедливи 6:0 славеше над Големо Коњари во меч од 4. коло на Трета лига регион 4, со што трите бодови...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Јуниор преку пресврт во меч со пет гола славеше над Речица, Победа и Беса ремизираа без голови

Јуниор од Доброшане стигна до голема победа од 2:3 на гостување кај Речица, во меч од 4. коло на Трета лига регион 4....

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Пријателски меч со шест гола: Брегалница подобра од Пелистер во Могила

Штипска Брегалница забележа победа во пријателскиот натпревар против Пелистер, кој денеска се...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица подобар на пријателската со Беласица во Радовиш

Детонит Плачковица славеше со 2:0 против Беласица во денешниот пријателски натпревар одигран...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!