Прва лигаФудбал

Колумбиски стопер ново засилување за Македонија ЃП!

Сподели
ФОТО: Македонија ЃП
Сподели

Македонија Ѓорче Петров го засили дефанзивниот ред со колумбискиот стопер Хозе Кабаркас. „Лавовите“ денеска го претставија новиот играч, кој пристигнува како слободен агент, откако последно настапуваше за Депортиво Кали.

За 24-годишниот Кабаркас ова ќе биде прво интернационално искуство, со оглед дека досега играше само во својата родна Колумбија, каде ги бранеше боите на Квиндио и Кали.

Клубот од Ѓорче Петров се подготвува за враќањето во Првата македонска фудбалска лига, а Кабаркас е седмо ново име ова лето. Со засилувањата и амбициозната стратегија, Македонија ЃП јасно става до знаење дека во новата сезона ќе атакува на повисок пласман и стабилна позиција во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!