Турнири

М Младост со висока и убедлива победа, сигурен триумф и за ОФК Малеш Постоловски на „Малеш Куп 2025“

Сподели
Сподели

Фудбалската магија на „Малеш Куп 2025“ продолжува откако синоќа беа одиграни пет натпревари кои понудија неверојатна атмосфера, многу погодоци, шанси и вистинско уживање на публиката.

Првиот меч заврши со сигурна победа за екипата на Деутз Вих Двориште од 4:1 над Голич Пром, а овој тим доживеа пораз и во вториот меч од ОФК Малеш Постоловски со 2:1.

Веќе во третиот меч публиката проследи доминација на М Младост откако со 1:4 го декласираше Паб Делчево Монополо. Во четвртиот меч на вечерта екипата на Митрашинци и Деутз Вих Двориште ремизираа во регуларниот дел играјќи 1:1, а во пенал серијата Митрашинци беше подобар со 2:0.

Во последниот меч на вечерва Паб Делчево Монополо со 2:0 го доби тимот на Дивиен Казино.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан од 2022 година.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!