Трета лигаФудбал

Дојранско Езеро ја запре Победа во Валандово, Саса на бод до врвот, Огражден со голем пресврт во Делчево

Сподели
ФОТО: Смоларски
Сподели



Ремито на Победа Валандово со Дојранско Езеро ја зби трката на врвот во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса со убедлив триумф над Хоризонт Турново се доближи на само еден бод до лидерот, а Академија Огражден со пресврт од 0:2 до 3:2 во Делчево остана во чекор со водечките. Победи во 10. коло забележаа и Овче Поле и Малеш.

Победа Валандово – Дојранско Езеро 1:1

Стојанчо Наков во 21. минута ја доведе Победа во водство, но Филип Зајков во 72. минута израмни и му донесе бод на Дојранско Езеро. Валандовчани останаа непоразени, но предноста пред најблиските конкуренти сега изнесува само еден бод.

Каменица Саса – Хоризонт Турново 4:1

Марко Соколов со голови во 31. и 45. минута ѝ донесе на Саса предност од 2:0 на полувремето. Арда Асанов во 63. минута го врати Хоризонт Турново во игра, но домаќините одговорија веднаш. Филип Николовски во 64. зголеми на 3:1, а Драган Паунов во 67. минута го постави конечниот резултат.

Брегалница Делчево – Академија Огражден 2:3

Марио Атанасовски со два гола, во 41. и 46. минута, ѝ донесе на Брегалница водство од 2:0. Сепак, гостите од Ново Село направија целосен пресврт. Јован Дрвошанов намали во 51. минута, Роберт Иванов израмни во 58., а Дрвошанов со својот втор погодок во 77. минута ја обезбеди победата на Огражден.

Овче Поле – Слога 1934 4:1

Тоше Манов со голови во 14. и 23. минута го најави триумфот на Овче Поле, а Дарко Нацев во 31. зголеми на 3:0. Благој Николов во 51. минута намали за Слога, пред Лука Николов во 89. да ги постави конечните 4:1. Екипата од Свети Николе со втората последователна победа стигна до 15 бода.



Малеш – Карбинци 4:2

Тоше Спиридонов во 6. минута го доведе Карбинци во водство, но Тони Мичковски израмни во 10. минута. Михаил Гошевски со голови во 34. и 65. минута го сврте натпреварот во корист на Малеш. Андреј Јакимовски во 83. намали на 3:2, а Илија Бојчовски во 88. минута ја потврди победата на беровчани. Карбинци и по девет одиграни средби остана без бодови.

Победа Валандово води со 20 бода, пред Каменица Саса и Академија Огражден со по 19. Лидерот има натпревар помалку од Саса и два помалку од Огражден, што дополнително ја прави интересна борбата за првото место. Овче Поле и Малеш со по 15 бода го прескокнаа Хоризонт Турново, кој остана на 13. Ударник беше слободен и има 11 бода, а Дојранско Езеро со бодот во Валандово стигна до 10.

Поз. Екипа Мечеви Голови Бодови
1 Победа Валандово 8 16:3 20
2 Каменица Саса 9 24:8 19
3 Академија Огражден 10 11:10 19
4 Овче Поле 9 24:11 15
5 Малеш 8 15:8 15
6 Хоризонт Турново 9 15:14 13
7 Ударник 9 14:13 11
8 Дојранско Езеро 9 14:16 10
9 Брегалница Делчево 9 12:29 7
10 Слога 1934 9 6:15 5
11 Карбинци 9 7:31 0
12 Тиверија 0 0:0 −6



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дојранско Езеро ја запре Победа во Валандово, Саса на бод до врвот, Огражден со голем пресврт во Делчево

Ремито на Победа Валандово со Дојранско Езеро ја зби трката на врвот во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса со убедлив триумф...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Јас верувам во овој тим и убеден сум дека со заедничка работа можеме да направиме многу повеќе во периодот што следи

По натпреварот со Естонија, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, истакна дека националниот тим минува низ процес на создавање нова...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!