Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери родени во 2012 година, која ќе има можност да го покаже својот квалитет на меѓународниот турнир од 5 до 8 декември.
Во Охрид, генерацијата 2012 ќе добие нова прилика да се измери со врсници од повеќе земји и да покаже што се гради на теренот во Фурка. Оваа генерација веќе учествуваше на силен турнир во Италија, каде избори пласман во четвртфиналето, а потоа загуби натпревар во последните минути со гигантот Аталанта.
Повеќе од јасно е дека Џокер ќе биде меѓу главните кандидати за освојување на Ohrid Winter Cup.