Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето на традиционалниот Кралски куп во Тајланд.
Таџикистан, предводен од македонскиот стратег, славеше минимална победа од 0:1 против селекцијата на Оман. Стрелец на единствениот погодок беше Шеридин Бобоев, кој во 61. минута беше прецизен од белата точка и го одлучи победникот.
Во финалето Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Тајланд и Брунеи, со можност да стигнат до трофејот на турнирот кој традиционално се одржува секоја година во Тајланд.
Од преземањето на селекцијата на Таџикистан, Ангеловски има биланс од три победи, две порази и едно реми. Меѓу позначајните резултати се триумфите против Кина, Оман и Индија.
За македонскиот стратег и неговите соработници сега следува финалниот предизвик и можност да го крунисаат настапот на турнирот со освојување на трофејот.