Ракомет

Шундовски: Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено овој куп и доаѓаме со амбиции да го вратиме кај нас

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Еурофарм Пелистер против Охрид ќе се соочи во денешното полуфинале од Ф4 Купот на Македонија, а кој меч е на програмата во 19:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

Претставникот на битолскиот клуб, Звонко Шундовски вели дека Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено Купот, нивните амбиции се враќање на Куп титулата во Битола.

„Ф4 во Купот претставува едно натпреварување кое буди посебни емоции. Сите го посакуваат во своите витрини, Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено овој куп и доаѓаме со амбиции да го вратиме кај нас. Купот ни прередувал изненадување. Мислам дека и сега ќе биде така. Знаеме дека тука не победуваат фаворити, и затоа се подготвуваме посветено и максимално. Ако се пласираме, а убеден сум дека ќе се пласираме после 20 години да го вратиме трофејот“, рече Шундовски.

Денес и утре се игра Ф4 од Купот на Македонија во машка конкуренција во градот покрај езерото, а на завршницата учествуваат Охрид, кој е домаќин, Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Осум мечеви во октомври: Вардар влегува во вистински ракометен маратон!

Октомври носи вистински ракометен маратон за Вардар 1961. „Црвено-црните“ ги очекува исклучително густ распоред во кој ќе одиграат дури осум натпревари, а календарот...

Ракомет

Охрид го чека пеколен октомври: шест мечеви за „гладијаторите“!

ГРК Охрид влегува во месецот со еден од најгустите натпреварувачки распореди во досегашниот дел од сезоната. Охриѓани во октомври ги очекуваат дури шест...

Поврзани написи
Ракомет

Осум мечеви во октомври: Вардар влегува во вистински ракометен маратон!

Октомври носи вистински ракометен маратон за Вардар 1961. „Црвено-црните“ ги очекува исклучително...

Ракомет

Охрид го чека пеколен октомври: шест мечеви за „гладијаторите“!

ГРК Охрид влегува во месецот со еден од најгустите натпреварувачки распореди во...

Ракомет

Богданци се простува од Борис Поп-Глигоров, човекот кој беше меѓу основачите на РК Младост и ЖРК Млаз

Спортот во Богданци остана без еден од луѓето кои оставиле длабока трага...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!