Младински фудбалФудбал

Скопје доминира во младинската женска фудбалска лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 25. коло на младинската женска фудбалска лига екипата на Речица ја забележа најубедливата победа откако со 9:0 ја декласираше Тиверија Брера на домашен терен.

Тиана Ристиќ постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа СПасовска, Стојановска, Настова во првиот дел, додека пак во вториот дел стрелаа Станојевиќ, Павловска и Серафимовски.

Натпреварот меѓу Истатов и Цевитана заврши без победник, но и без погодоци (0:0).

Во Битола не се одигра натпреварот меѓу Атлетко и Каменица Саса, откако гостинот од Македонска Каменица не се појави на теренот по чекање од 30 минути, па така Атлетикот овој меч го добива со службени 3:0.

Трите бодови останаа во Битола откако Победа со 3:0 славеше над Љуботен. Софија Чилевска во 7. минута го отвори резултатот, а Дора Зафирова погоди за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Викторија Петкова беше сигурна за конечни 3:0.

Лидерот Скопје ја продолжува доминацијата во првенството како во претпоследното коло со убедливи 0:5 го „збриша“ Фудбал Старс во кочанско Горни Подлог.

Резултатот го отвори Сара Димитровска по пет минути игра за 0:1 на полувреме. Во вториот дел попушти одбраната на Фудбал Старс, а Скопје ја наполни мрежата на противникот. Елена Наумосак беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Јована Каралиоска и Јована Стојанова.

Ас Јунајтед дојде до триумф на домашен терен над Кочани со резултат од 3:0. Ихдина Речи во 9. минута постигна гол за 1:0 на полувреме,а а во вториот дел Лина Луканова беше двоен стрелец за конечни 3:0.

Топ Гол со убедливи 6:0 беше пресилен противник за Билјанини Извори од Охрид. Во високата победа за битолскиот тим стрелци беа Елена Новевска и Андреа Ќиќерковска со по два два гола, а по еднаш погодија Михаела Кокаревска и Ива Георгиевска.

Денес и утре ќе се одигра последното 26. коло со што ќе заврши сезоната.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!