Втора лигаФудбал

Големо Коњари и Осогово во Втора лига, Преспа извиси и останува во Трета лига – Југозапад!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес во просториите на ФФМ беше одржана ждрепката за поразените третолигаши за влез во Втората лига.

Ждрепката посака од поразените три екипи во Втора лига следната сезона да бидат екипите на Големо Коњари и Осогово додека пак екипата на Преспа извиси и останува во Трета лига – Југозапад и во следната сезона.

Според ова ги имаме сите екипи за сезона 2025/2026 во Втора лига тоа се Брегалница, Детонит Плачковица, Охрид, Саса, Беласица, Скопје, Кожуф, Новаци, Победа, Вардар Неготино, Осогово, Тетекс, Слога Виница, Шкендија Арачиново, Беса и Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!