Ракомет

Вардар преку пресврт го „преплива“ Охрид и ги собра бодовите од „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Ракометарите на Вардар повторно се искачија на лидерската позиција во плеј-офот на Суперлигата, откако во тешко и борбено дерби на гостински терен во салата „Билјанини Извори“ го совладаа Охрид со 21-25 (12-11). „Црвено-црните“ покажаа зрелост и карактер, особено во второто полувреме, каде успеаја да направат клучен пресврт.

Екипата на Охрид уште еднаш покажа дека може да биде достоен ривал и за најсилните, но повторно им недостасуваше завршница за сензација против фаворитот.

Првото полувреме им припадна на домаќините, кои предводени од расположениот Хироки Матцуока заминаа на одмор со минимална предност од 12-11, но во вториот дел Вардар беше многу подобар особено и во одбраната и така стигна до својата цел да триумфира покрај езерото.

Најефикасни за Охрид беа Матцуока со пет и Кукуловски со четири гола, додека Вардар го предводеше Борозан со пет погодоци, а по четири додадоа Јагуриновски и Родригез.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!