Прва лигаФудбал

Беса испадна од Прва лига и се откажа од натпреварување во ВМФЛ: Фокусот ќе биде само на академијата!

Сподели
ФОТО: KF BESA Dobërdoll 1976
Сподели

Екипата на Беса денес со 0:2 го загуби баражот за опстанок во Прва лига од екипата на Башкими, а веднаш после натпреварот клубот излезе со соопштение во кое се вели дека клубот нема да продолжи со натпреварување во Втора лига.

Како што е наведено во соопштението клубот ќе се посвети на академијата, а сениорскиот тим нема да продолжи со натпреварување, односно Беса нема да биде дел од Втората лига за следната сезона.

„Сопствениците на клубот Беса 1976 ја известуваат јавноста за повлекување од раководењето со првиот тим. Академијата останува единствен фокус! По долг период на ангажман, посветеност и жртва за нашиот клуб од срце, донесена е одлука дека од денес екипата нема да се натпреварува ниту во Втората лига на РСМ. Фокусот ќе биде целосно насочен кон академијата. Им се заблагодаруваме на сите фудбалери и тренери. Во овој момент на разделба, чувствуваме должност и желба од срце да им се заблагодариме на сите навивачи кои нè поддржувале – и во добро и во лошо – на секој фудбалер што ја носел нашата маичка, на тренерите и техничкиот штаб, соработниците, спонзорите и секој поединец што дал најмал или најголем придонес во нашиот пат“, се вели во соопштението на Беса.

Ова се отвара уште едно прашање, дали воопшто ќе има ждрепка и дали сите три екипи кои вчера загубија во баражите за влез во Втора лига ќе имаат директен влез без ждрепка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!