Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги освои првите бодови во новата сезона од елитното европско натпреварување.

Еден од најзаслужните за големиот триумф на „црвено-црните“ беше голманот Милош Валах, кој имаше извонредна вечер меѓу стативите. Македонскиот шампион доби сигурност во одбраната благодарение на неговите 17 интервенции, со кои во голема мера го трасираше патот кон значајниот европски успех.

Одличното издание на полскиот чувар на мрежата не помина незабележано ниту од Европската ракометна федерација (ЕХФ), која го издвои Валах како „херој на вечерта“. Посебно беше нагласен неговиот придонес во прекинувањето на негативната серија на Вардар по враќањето во Лигата на шампионите.

Со вакво издание на голманската позиција, Вардар покажа дека има сили за големи европски вечери, а победата во Франција може да биде важен поттик за продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм...

Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!