РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У-21 со подготовки за дуелите со Косово, Ѓорге Џеков: Поседуваме квалитет, но треба да го потврдиме на терен

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги стартуваше подготовките за претстојните два контролни натпревари со селекцијата на Косово.

Првиот тренинг нашите фудбалери го одработија на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари.

Еден од клучните играчи во одбраната на Силекс и член на младата репрезентација до 21 година, Ѓорге Џеков даде свој коментар за почетокотот на подготовките и двете контролни средби со Косово.

„Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот на овие подготовките, со оглед на тоа што се последни пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Е.П. Имаме позитивен период позади нас, одработивме добри подготовки во Анталија. Косово е добра селекција и незгоден противник, но ние сакаме на двата натпревари да оствариме позитивен резултат. Мислам дека покажавме на претходните два контролни натпревари во Анталија дека како селекција поседуваме квалитет. Пред нас се квалификациите за Е.П., верувам дека можеме да се оствариме добар пласман. Самите тренинзи и подготовки се на едно високо професионално ниво, имаме одлична комуникација и соработка со селекторот и неговиот стручен тим. Ќе вложиме многу труд, борба и посветеност во текот на периодот што следи, а се со една цел, да бидеме максимално подготвени за стартот на квалификациите.“

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 28 мај, со почеток во 19. часот го игра првиот контролен натпревар со Косово во Приштина. Втората контролна средба на програмата е на 31. мај, во Скопје, со почеток во 15. часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Тројца Крушевчани на чело на македонската одбојка

Крушево е еден од најпознатите одбојкарски центри во Македонија. Иако денес во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пешиќ, Берокал и Грујиќ предаваа на тренерската клиника во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија во Скопје ја одржува задолжителната тренерска клиника, наменета...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Димитријевиќ: Нашата цел е настап на следното ЕП, ќе дадам се од себе за да го оствариме тоа!

По кратката пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е со македонската сениорска репрезентација и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!